Летна крем чорба
Состојки
- 1 тиквичка (средна големина)
- 1 морков
- 1 помала главица брокула
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица гриз
- 70 мл јогурт
- 1 л вода
- Магдонос, сол, бибер, листови целер
- 1 зеленчукова коцка за супа
Подготовка
Во тенџере го налеваме маслото и го додаваме гризот. Нека се запржи една минута. Потоа ги додаваме сецканото тикве, морков, брокула. Пропржуваме една минута. Ја додаваме коцката за супа, бибер, сол и вариме на тивок оган околу 7-8 минути. Потоа со стапчест миксер ја пасираме супата. Густината одредетеја сами. Додаваме јогурт, промешуваме и сервираме.