Испечати

Колоритна летна чорба

Колоритна летна чорба

Состојки

  • 1/2 тикве
  • 1 среден компир
  • 1 морков
  • 1 рака пресен грашок
  • 1/2 главица сецкан кромид
  • магдонос, целер, зачин, сол, бибер, маслиново масло, 50гр фиде
  • 1,5-2л вода
  • 1/2лажиче куркума
  • смеса за мали ќовтенца
  • 200гр мешано мелено месо
  • 1/2 главица сецкан кромид
  • 1 мало јајце(или половина од 1 поголемо изматено јајце)
  • 1лажица гриз
  • малку сол, бибер, оригано
  • за зачинување
  • 1 јајце
  • 150мл јогурт
  • сок од лимон по потреба

Подготовка

Вкусна богата чорба.

Прво се замесуваат состојките за малите ќофтенца и се запржуваат на загреано масло.
Се оставаат на страна.
Сега во касерола се става маслиново масло, 1-2 лажици.
Зеленчукот се сецка на ситни коцки или оди во делимано сецкото (освен грашакот)
Сега на загреаното масло се става 1/2 главица кромид, малку се запржува, па се додава останатиот зеленчук.
Се пржи 1-2 минути.
Потоа се налива вода или може да се користи бујон по ваш вкус.
Нека зоврие, па се додаваат запржените ќофтенца, фидето и нека вари на тивко 7-8 минути.
Се додаваат сецканиот целер, магдонос, зачини по вкус и куркумата.
Нека се излади малку, па се додаваат изматеното јајце со јогурт и лимон во тенок млаз.
Се сервира и декорира со кисела павлака.
Уживајте во убавиот вкус.