Испечати

Колоритна салата со црвен грав

Колоритна салата со црвен грав

Состојки

  • 1 парче марула
  • 20, 30 листови рукола
  • 250 гр брокула
  • 1 конзерва 230г пченка
  • 1 конзерва 400г црвен грав
  • 2 големи рендани моркови
  • 100 г зелени маслинки со пиперка
  • 2 млади кромидчиња
  • по желба маслиново масло
  • по желба балзамиран оцет
  • по желба соја сос
  • по желба сол

Подготовка

Марулата, руколата, брокулата и младите кромидчиња јас најпрво ги потопувам во сад со ладна вода и 1 лажица сода бикарбона за да се одстранат делумно пестицидите со кои се прскани. Да одстојат барем 10 минути. За тоа време исецкајте ги на тркалца маслинките и изрендајте ги морковите. Исечете ги марулата, боркулата, руколата и младите кромидчиња, потоа додадете ги пченката и гравот од конзерва (може и претходно сами да си сварите), додадете ги и сецканите маслинки и ренданиот морков. Посолете, додадете маслиново масло, балзамико и соја сос по желба убаво промешајте. Послужете како предјадење. Добар апетит!