9
апр
2012
Колач со јаболка
Јаболката ги лупиме, ги чистиме од семките и ги сецкаме на парчиња. Јајцата ги матиме со шеќерот. Откако убаво ќе се изматат ги додаваме брашното, маслото, оревите, ванилата, пецивото и јаболката. Се убаво мешаме со лажица. Сместа ја ставаме во тавче подмачкано со масло и ја печиме. Кога ќе се испечи колачот одгоре го наросуваме со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови