Колач со јаболка и јаткасти плодови
Во подлабок сад ставете ги состојките за бисквитот и замесете тесто.
Меѓу 2 листа хартија за печење развлечете го тестото во округла кора.
Садот за печење премачкајте го со путер и набрашнете го.
Ставете го тестото и избоцкајте со вилушка.
Одозгора наредете ги јаболките исечени на тенки кришки.
Посипете со цимет.
Крема
Во тенџере на оган ставете го млекото, шеќерот и ванилата.
Откако шеќерот ке почне да се топи додајте го јајцето и путерот.
Откако ќе се растопи и путерот постепено додавајте го брашното и мешајте додека се згусти.
Истурете ја кремата врз јаболките.
Одозгора нанесете ги пињолите и крупно сецканите бадеми и ореви.
Печете на 180 степени, околу 35-40 минути.
Лиценца: Сите права се задржани