Колач со праски
Кога го пробав овој колач кај Биле, останав фасцинирана од неговиот вкус и морав да си го направам и дома. Иако не сакам многу колачи со овошје, овој е исклучок. Едноставен, но многу вкусен.
Најпрво убаво и густо се бијат јајцата со шеќерот и ванилите. Потоа се додаваат течните состојки и на крај сувите.
Смесата се става во подмачкана и побрашнета тава 25х35 и се печи на 165С.
За тоа време, праските се лупат и се сечат на долгунести парчиња.
Во тенџере на оган се става водата и шеќерот да се варат со повремено мешање, додека шеќерот се стопи. Потоа се додаваат парчињата праски и се остава да врие додека не омекнат, но се внимава да не се преварат и потоа да се распаѓаат. Совет-одберете здрави праски, не презреани.
Кога ќе се сварат праските, се вадат со решеткаста лажица на страна, а во водата се додаваат пудинзите предходно растворени со малку вода. Со непрекинато мешање се вари 2-3 минути, па се трга од рингла. Врз паднишпанот се редат парчињата праска (се внимава одприлика на секоја сечена коцка да има по 2 парчиња овошје) и потоа се прелива со сварениот пудинг. Колачот се остава неколку часа добро да излади и филот да се здрви, па се служи.
Лиценца: Сите права се задржани
Искрено, јас обожавам да јадам неоладени вакви десерти и ми се чини дека најубав е кога се уште нема да е доздрвен филот одозгора : ) За жал, бев примерна, а и на полноќ го правев, па не успеав да сликам една таква сликичка... ми се чини дека поголем ефект ќе имаше. Но, ќе се прави пак, па ќе има тогаш :)
Имам кажано и дека не лубам многу овошни десерти, но одредени работи се отстапка, а една од нив е и овој колач :)
Следен пат ќе пробам и со малку цимет на сервирање, ама само како мини додаток во вкусот, благодарам на идејата Ванила :)
Делчињата од готвачот на сликите некако спонтано се вметнуваат :))) особено ако бојата на лакот е погодена со бојата на изложеното :))) Инаку, Кате, да ти се пофалам, ова е мојот прв обид за омбре лакирање и како за прв пат, мислам дека има надеж пак да се обидувам :)))