Испечати

Колач со праски

Колач со праски

Состојки

  • 3 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 400 мл млеко
  • 150 мл масло
  • 300 гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 2 ванилин шеќер
  • Прелив
  • 1 литар вода
  • 400 гр шеќер
  • 4 праски со деллива коска
  • 2 прашок за пудинг од ванила

Подготовка

Кога го пробав овој колач кај Биле, останав фасцинирана од неговиот вкус и морав да си го направам и дома. Иако не сакам многу колачи со овошје, овој е исклучок. Едноставен, но многу вкусен.

Најпрво убаво и густо се бијат јајцата со шеќерот и ванилите. Потоа се додаваат течните состојки и на крај сувите.
Смесата се става во подмачкана и побрашнета тава 25х35 и се печи на 165С.
За тоа време, праските се лупат и се сечат на долгунести парчиња.

Во тенџере на оган се става водата и шеќерот да се варат со повремено мешање, додека шеќерот се стопи. Потоа се додаваат парчињата праски и се остава да врие додека не омекнат, но се внимава да не се преварат и потоа да се распаѓаат. Совет-одберете здрави праски, не презреани.

Кога ќе се сварат праските, се вадат со решеткаста лажица на страна, а во водата се додаваат пудинзите предходно растворени со малку вода. Со непрекинато мешање се вари 2-3 минути, па се трга од рингла. Врз паднишпанот се редат парчињата праска (се внимава одприлика на секоја сечена коцка да има по 2 парчиња овошје) и потоа се прелива со сварениот пудинг. Колачот се остава неколку часа добро да излади и филот да се здрви, па се служи.