Колач со праски, бело чоколадо и локум
Брашното и маргаринот добро измешајте-истријте ги со дланките. Додадете го јајцето, шеќерот и малку сол и добро измесете. На крај, додадете го какаото и измесете додека се прошара смесата. Потоа расплескајте ја во помал калап, избоцкајте со вилушка и ставете да се печи на 180 степени 10-15 мин.
Во меѓувреме праските излупете ги и издробете ги. Со вилушка испасирајте ги (не мора да се кашести) и ставете ги да се варат. Кога ќе извријат, додадете ја и водата и шеќерот и почекајте повторно сето да проврие, па додадете ги двата пудинга разредени со 100 мл вода. Во сварениот пудинг додадете го локумите ситно исецкани и чоколадото искршено на ситни парченца. Убаво промешајте да се растопат. Вака подготвениот фил истурете го врз подлогата и оставете на кратко во фрижидер да се излади.
Стопете го малку црниот крем на пареа и премачкајте врз филот. Над кремот наредете од црните бисквити потопени во млеко и одозгора над нив обилно наросете кокос или мелена плазма.
Повторно оставете колачот добро да се стегни па сладете се. Добар апетит!
Забелешка - Колачот е лично моја импровизација, настанат како последица да се спасат праските кои не се изеле навремено. Ми требаше половина час да осмислам како би експериментирала со состојките, а да тоа биде навистина добро потрошено време во интерес на задоволителен десертен залак. Задоволството беше изненадувачки огромно, па заради тоа решив и овде да го споделам со вас. Доколку праските ви се поблаги можете да додадете во филот и исцеден сок од портокал, а во млекото за намакување ставете рум или арома на рум и Уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани
Vakov recept za kolac ne sum videla, ova so lokumot e mnogu interesno! Ke dojdi na red da se napravi :)
хаха нема да редиме само колачи со праски. таква му е сезоната сега. а идеи никогаш доста. ајде утре со нетрпение ќе чекам да излези и да го видам;)
за тоа дојдов, сеир да ти фатам. а замисли да го видеше сладоледот прво?
немаше дома да грееш рерна по жешково, да се мачиш, да се потиш....ме мразиш? :) :) :) :)
а за тоа и кукав на коментар кај маја, како не го видов побрзо нејзиниот сладолед...-пусти домаќинлук не е за мене, ќе ме убие вака од простум:)