Колач со банани
Едноставен, лесен и вкусен колач. 2 позрели банани и 1 ванилин шеќер матиме со миксер. Додаваме 1 јајце и пак матиме. Додаваме кафеав шеќер и пак матиме. Ги додаваме млекото, зејтинот и циметот и пак матиме. На страна ги мешаме заедно брашното, пецивото и солта и ги додаваме постепено во смесата мешајки на најслаба брзина со миксер.На крај ја додаваме и млечната чоколада сечена на коцки. Смесата ја истураме во подмачкано округло тавче бр.24(јас користев на Делимано и не го подмачкав тавчето). Се пече на 180 степени 25 минути.
Кога ќе олади колачот се мати шлаг кремата според упатството со млеко. Се додава 1 позрела банана и пак се мати.Со ова се премачкува колачот и се украсува по желба.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови