
23
окт
2014
Колач од суво овошје (без шеќер и брашно, посно, веган)
Значи благо без шеќер...барем не бел рафиниран.
Овошјето го покиснувам во вода, урмите ги лупам и сето го ставам во делимано блендерот да се испасира. Додавам вода колку да се добие густа смеса, околу една шољичка, таан и малку рум. Маргаринот или кокосовиот путер се топат на пареа, се додава малку какао и се меша со пасираното овошје.
Сето ова се става во силиконско калапче и во замрзнувач...се служи ладно.
Некогаш во смесата додавам мелени јатки па се добива смеса како за бомбици, но вака поради киселкиот вкус на кајсијата е многу лесно и освежително...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови