Овие колачиња самата си ги измислив пред некој ден и испаднаа ем вкусни ем здрави. Најчесто во време на пости колачите и десертите кои се прават се со многу шеќер и брашно, а и многу масло и маргарини. Според мене тоа е многу погрешно и потребно е да се прават поздрави десерти за да вистински се испости телото.

Припрема

Измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата малку да отстои за да набубрат овесните снегулки. Ако смесата на крај е многу мека, додадете уште овесни снегулки, а ако е многу сува да не можете да формирате бомбици, додадете малку вода. По желба може да се додадат и други состојки.
На тавче обложено со хартија за печење, ставајте со лажичка од смесата, нежно притиснете и оформете мал диск.
Ставете да се печат околу 20 минути на 180 степени.
Оставете ги да се оладат и спремни се за јадење.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови