23
мар
2020
Колач со мусли и малини (посно, без печење)
Сувите сливи и сувите кајсии натопете ги со жешка вода и оставете ги на 15 минути да омекнат. Од урмите извадете ги семките.
Во блендер ставете урми, суви сливи, суви кајсии, какао, масло за јадење, мусли и се' заедно изблендирајте. Добиена смеса ставете во плех или во некоја форма. Оставете во фрижидер да се стегне.
За фил
Оревите измелете ги, додајте какао, мед, вода се заедно измешајте. Филот ставете го врз подлогата и оставете во фрижидер да излади.
Колачот украсете го со малини и снегулки.
Добар апетит
Лиценца: Сите права се задржани