Колачи со фил од урми
Меки, ровки колачиња со ароматично и вкусно полнење. Колачињава се од оние кои се топат во уста.
Подготовка
Најпрво подгответе го филот.
Урмите исчистете ги од семките и исечкајте ги. Ставете ги во едно тенџере и додадете ги останатите состојки за филот освен оревите. Варете на умерена температура со повремено мешање додека смесата да се згусне, т.е. додека да испари течноста. Тргнете на страна и оставете малку да се излади. Смесата ставете ја во сецко и убаво изблендирајте ја. Додадете ги мелените ореви и убаво промешајте со лажица. Од оваа смеса оформете 32 мали топчиња.
Сите состојки за тестото ставете ги во длабок сад и замесете тесто. Од тестото оформете исто 32 топчиња. Секое топче тесто расплескајте го во дланката и во средина ставете по едно топче од филот. Замотајте убаво со тестото и оформете топче. Ставајте ги во плех на хартија за печење.
Печете 15-18 минути на 180 степени во претходно загреана рерна. Готови се кога одоздола ќе поцрвенат. Оставете малку да се изладат па валкајте ги во шеќер во прав.
Напомена
Чашата која ми служеше како мерка е од 250мл.
Лиценца: Сите права се задржани