
12
дек
2013
Колачи со лешници и ореви
Во длабок сад се мешаат лешниците, оревите, брашното, содата, циметот и ренданата кора од лимонот.
Потоа во друг сад на оган се ставаат медот, шеќерот, маргаринот и сокот од лимонот и се мешаат се додека не се растопи шеќерот. Оваа смеса се додава во претходно соединетите суви состојки и им се додава и едно јајце.
Убаво се промешува и се става во тава за печење бр. 26
Се пече на 180 степени околу 40 минути.
Потоа кога ќе се излади се сече на коцки и секоја коцка се декорира со растопена бела чоколада.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови