1. Најпрво ги сецкам сите состојки ( оревите, кајсиите и бисквитите ).
2. Ги ставам во еден сад сите состојки, ја рендам кората од порокалот, го цедам портокалот и го додавам и сокот.
3. На крај ставам шеќер во прав и додавам една по една лажица маргарин, во зависност од тоа колку е потребно убаво да се измесат.
4. Го топам чоколадото на пареа ( 200 гр чоколадо со 4 лажици масло ) и ги чоколадирам во силиконски калапчиња.
Вкусни, лесни и посни колачиња. Кога немам време за сецкање ги мелам и оревите и бисквитите, повторно исти се колачињата. Излегуваат околу 35 до 40 колачиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови