Кокос-манго чизкејк
Подготовка:
1. Мелените бисквити ги мешаме со кокосот и растопениот путер и добиената основа ја натапкуваме на дното од калап за чизкејк. Го ставаме калапот во фрижидер.
2. Крем сирењето го матиме со 120г шеќер, па го додавaмe кокосовот млеко. (Конзерва кокосово млеко ја оставив во фрижидер преку ноќ и потоа го издвоив само цврстиот дел од течноста). Додаваме 4 лажици желатин, растопен во 30 мл жешка вода и малку рендана кора од зелен лимон. Мешаме добро и вака добиениот фил го додаваме во калапот врз основата.
3. Мангото го чистиме и лупиме и во блендер правиме пире. Пирето од манго го ставаме во тенџере на оган со 30мл вода. Загреваме (да не зовире), па додаваме 3 лажички желатин. Мешаме додека да се растопи желатинот, па додаваме 40г шеќер и мешаме уште кратко додека да се растопи шеќерот не дозволувајќи смесата да дојде до зовривање. Го тргаме филот од оган, додаваме слатка павлака и мешаме убаво. Добиениот фил го додаваме врз белиот фил.
4. Оставаме тортата да отстои во фрижидер преку ноќ. Пред послужување декорираме по желба. Јас декорирав со парчиња манго и чипс од кокос.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани