Кливленд торта
Ги матиме жолчките заедно со шеќерот. Потоа постепено ги додаваме лебните трошки, брашното и изренданата чоколада.
Од белките правиме цврст снег и се заедно промешуваме. Смесата ја истураме во подмачкан плех (калап за торта ) и посипан со брашно. Јас ја печев во плекче од рерна. Кога тортата ќе истине ја сечеме на половина и ја филуваме.
За филот најпрво ги мешаме мелените ореви со шеќерот и ги попаруваме со млекото. Путерот или маргаринот добро го уработуваме со миксер и заедно го соединуваме добро со смесата за филот.
Пандишпанот го печеме на 180 - 200 степени време зависно од јачината на рерната. Проверуваме со чачкалица кога не ни се лепи од тестото. Оваа торта ја најдов во некои стари готвачи и многу ни се допадна. Се надевам и на вас. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани