Кифли чворови од ржано и бело брашно
Декоративни, меки, вкусни кифли
Најпрво во топлото млеко се ставаат шеќерот, квасецот и малку бело брашно за да се активира квасецот.
Потоа постепено се додаваат јогуртот, киселата вода, јајцето, сол, маслото.
Се става ржаното брашно, па се додава бело брашно.
Се замесува средно тесто кое не треба да лепи на рацете.
Се покрива со крпа и нека кисни 30 минути.
Потоа се дели на 50 мали топчиња.
Секое топче се расукува во мала коричка. По должината на коричката се прават 5-6 засеци со нож, но не до крај.
Почнува да се витка долга форма, дијагонално (како на сликата).
Потоа се витка чвор.
Се редат во плех за печење, се премачкуваат со изматено јајце. Им се ства по многу малку марграин, сусам. Киснат 20 минути и се печат на 200 степени околу 25 минути.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани
Инаку ги правев и само со бело брашно и беа исто вкусни ,ама лично, со ржано ми се фаворит :)