Интересни по форма, а и вкусни. Иако изборот на филување може сами да си го изберете. Може да посипете кашкавал, оригано, да ги премачкате со кечап, па да добиете пица вкус. Оставам на вашата желба и фантазија.

Подготовка
1.Со млакото млеко замесуваме средно меко тесто и го оставаме да стаса, да се дуплира.
2. За филот ги соединуваме киселата павлака, урдата и спанаќот.
3. Чајната или некоја друга сувомесната салама ја сечкаме на ситни коцки.
4. Тестото го делиме на половина, па секоја половина ја размесуваме и ја расукуваме во форма на правоаголник.
5. Ја премачкуваме со урдата, ја посипуваме со коцки чајна, па ја виткаме во ролат.
6. Ролатот го сечеме на парчиња околу 10 см долги и секое парче го спојуваме на краевите, да ни добие форма на чамец.
7. Сите ги редиме во тавче или на хартија за печење.
8. Ги премачкуваме со разматено јајце и ги посипуваме со сусам.
9. Ги оставаме да стасаат, а рерната ја вклучуваме на 200 степени да ни се загрее. Ги печеме до поцрвенување.
На здравје!