Особено ми се направи мерак што кога ги подготвив кифливе и најголемиот „бунтовник“ во однос на храната во нашето семејство имаше големи и позитивни комплименти за нив.

Подготовка
1. Водата ја загреваме и во неа го промешуваме млекото во прав.
2. Сите останати состојки ги ставаме во еден сад и со оризовото млако млеко замесуваме средно меко тесто. Го оставаме да стаса.
3. Откако ќе стаса го размесуваме и го делиме на 4-5 дела.
4. Секој дел го расукуваме во голем и тенок круг и го сечеме на 8 триаголници. Од секој триаголник формираме кифличка.
5. Ги редиме во плех подмачкан со масло. Ги оставаме да стасаат во тавче околу 20 минути, а за тоа време ја загреваме рерната на 220 степени.
6. Состојките за премаз ги соединуваме и со него ги премачкуваме кифлите.
7. Ги печеме до поцрвенување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани