19
авг
2016
Ѓевреци со семки од тиква
Еве уште една посна варијанта на пециво кое е баш вкусно, а и лесно за правење.
Подготовка
1. Се замесува средно меко тесто од сите состојки за тесто со млака вода. Се остава да стаса, да се дуплира.
2. Се дели на 3 дела, се прават топки. Секоја топка се расукува и се сече на 4 дела, а може и на 6, зависи колкави сакате да бидат ѓевреците.
3. Секој дел се витка како кифла и се спојува на краевите. Се ставаат во намрсено тавче, се премачкуваат со преливот и се оставаат да стасаат додека да се загрее рерната или околу 20 минути.
4. Се печат во загреана рерна на 220 степени со вентилатор (доколку имате таква варијанта).
Забелешка
За преливот се мешаат состојките за да се добие густина како смеса за палачинки палачинки.