Еве уште една посна варијанта на пециво кое е баш вкусно, а и лесно за правење.

Подготовка
1. Се замесува средно меко тесто од сите состојки за тесто, со млака вода. Се остава да стаса, да се дуплира.
2. Се дели на 3 дела, од секој дел се прави топка. Секоја топка се расукува и се сече на 4 дела, а може и на 6, зависи колкави сакате да бидат ѓевреците.
3. Секој дел се витка како кифла и се спојува на краевите. Се ставаат во намрсено тавче, се премачкуваат со преливот и се оставаат да стасаат додека да се загрее рерната или околу 20 минути.
4. Се печат во загреана рерна на 220 степени со вентилатор (доколку имате таква варијанта).

Забелешка
За премачкување на ѓевречињата се мешаат состојките за да се добие густина како смеса за палачинки.
Квасецот што го користам е 10 гр за 1 кг брашно, ама во ова пециво ставам два такви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани