Кифли со семки од тиква (посно)
Состојки
- За тесто
- 1 кг брашно
- 20 гр сув квасец
- 50 гр мелени семки од тиква
- 200 мл масло
- 500 мл вода
- 8 лажици оризово млеко во прав
- 2 лажички сол
- 2 лажици кафеав шеќер
- За премачкување
- 1 лажичка мелени семки од тиква
- 1 лажичка куркума
- 1 лажица масло
- 2 лажици брашно
- прстофат сол
- неколку лажици вода
Подготовка
Особено ми се направи мерак што кога ги подготвив кифливе и најголемиот „бунтовник“ во однос на храната во нашето семејство имаше големи и позитивни комплименти за нив.
Подготовка
1. Водата ја загреваме и во неа го промешуваме млекото во прав.
2. Сите останати состојки ги ставаме во еден сад и со оризовото млако млеко замесуваме средно меко тесто. Го оставаме да стаса.
3. Откако ќе стаса го размесуваме и го делиме на 4-5 дела.
4. Секој дел го расукуваме во голем и тенок круг и го сечеме на 8 триаголници. Од секој триаголник формираме кифличка.
5. Ги редиме во плех подмачкан со масло. Ги оставаме да стасаат во тавче околу 20 минути, а за тоа време ја загреваме рерната на 220 степени.
6. Ги печеме до поцрвенување.