Кифлички со маргарин и сирење
Еве и од мене едни кифли по рецептот од мојата комшивка баба Даница, која
само заради годините е баба, а по се друго може вода да и се носи.
Лесни за правење, а и многу вкусни.
1. Во вангличе се замесуваат сите состојки освен маргаринот и сирењето.
Квасецот не се зафаќа да скисни, туку се дроби и директно се додава по потреба брашно (околу 300 гр. зависно од брашното) за да се добие средно меко тесто што не лепи.
2. Од тестото се кинат топчиња, секое се рассукува со окалгија, се мачка со маргарин, се засекува на едниот крај, се става малку сирење (по желба може и салама) и се рола да се добие кифличка.
3. Кифлите се редат во плех намастен со маргарин, стојат да нараснат околу
30 минути и пред печење се премачкуваат со јајце, се посолуваат со сусам и им се става кришки маргарин измеѓу.
4. Се печат на 200 степени околу 30 минути.
И благодарам на баба Дана за рецептов што неколку години го правам.
Пријатно!
Лиценца: Сите права се задржани