Вкусни, меки кифли како душа...
Исчезнуваат веднаш... )))

Од наведените состојки се замесува средно меко тесто.
Убаво се изработува тестото и се остава на топло да го дуплира волуменот.

Во меѓувреме го подготвуваме филот. Сирењето го пасираме со вилушка и го додаваме маргаринот, кој претходно стоел на собна температура.

Од надојденото тесто, без премесување се кинат делчиња и се прават топчиња, да бидат со големина на орев. Од цело тесто наеднаш. Се ставаат на намрсена подлога и одозгора се поминуваат малку со масленце, за да не фатат коричка.

Секое топче се расукува како на дополнителната фотографија.Се прават неколку рецки од едниот крај, тоа да биде 1/3 од целата должина. Другата површина се премачкува во танок слој со филот. Се завиткува во кифличка и се редат во намрсен плех.

Се премачкуваат со разматената жолчката и млекото и се наросуваат со семиња по желба. Се оставаат да надојдат 30 -на минути и се печат.

Се печат во загреана рерна околу 20 мин. на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани