Кифлички со фил од сирење и млечен маргарин
Состојки
- За тесто
- 40гр пресен квасец (активиран со 1 к.л. шеќер, малку брашно и малку млеко од целовкупното)
- 2-3 лажичиња шеќер
- 2 лажичиња сол
- 12 лажици масло
- 500мл. топло млеко
- 1 белка
- по потреба брашно
- За фил
- 200гр. млечен маргарин
- 200гр. кравјо сирење
- За премачкување
- 1 жолчка
- 2-3 лажици млеко
- по потреба сусам, лен, ким
Подготовка
Вкусни, меки кифли како душа...
Исчезнуваат веднаш... )))
Од наведените состојки се замесува средно меко тесто.
Убаво се изработува тестото и се остава на топло да го дуплира волуменот.
Во меѓувреме го подготвуваме филот. Сирењето го пасираме со вилушка и го додаваме маргаринот, кој претходно стоел на собна температура.
Од надојденото тесто, без премесување се кинат делчиња и се прават топчиња, да бидат со големина на орев. Од цело тесто наеднаш. Се ставаат на намрсена подлога и одозгора се поминуваат малку со масленце, за да не фатат коричка.
Секое топче се расукува како на дополнителната фотографија.Се прават неколку рецки од едниот крај, тоа да биде 1/3 од целата должина. Другата површина се премачкува во танок слој со филот. Се завиткува во кифличка и се редат во намрсен плех.
Се премачкуваат со разматената жолчката и млекото и се наросуваат со семиња по желба. Се оставаат да надојдат 30 -на минути и се печат.
Се печат во загреана рерна околу 20 мин. на 200 степени.