Кифлички со сирење
1. Квасецот се става во малку топло млеко, со шеќерот и 1 лажиче брашно и се остава да стаса (надојде)
2. Белките, јогуртот, млекото, маслото за јадење и квасецот се матат со вилушка и се додава брашното, се замеува и се остава околу 40 мин на топло место да се удвостручи тестото покриено со најлон и крпа
3. Потоа се размесува тестото уште еднаш и веднаш се сука кора голема околу 50-60 см и од неа се сечат 24 триаголници
4. На секој од нив се става по малку од филот (кој е претходно подготвен - изматено јајце со маргаринот и во него издробено сирењето)
5. При секое филување, малку со раце ги развлекуваме триаголниците да бидат уште малку потенки, се виткаат ролатчиња и се редат во тава за печење
6. Се оставаат да отстојат околу 20-30 мин ,
7. Се премачкуваат со изматените жолчки со маслото за јадење, се посипува со сусам и на секоја кифличка се става по мало парче маргарин
7. Се печат на 180 С во загреана рерна околу 20 мин.
Лиценца: Сите права се задржани