Во принцип од овие кори се прави цигара бурек кој се пржи, но јас перферирам повеке да биде печено и затоа ги стокми вака
1. Во млаката вода во која се додава зејтинот, солта и шеќерот се раствара квасецот, се додава брашното измешано со пецивото и оставете го да стаса или се додека се запени.
- Изронете сирење и измешајте го со сецканиот магдонос
- Земајте една кора и премачкајте од смесата, врз неа ставете ја втората кора која исто така ќе ја премачкате со смесата, ставета на широката страна од приготвениот фил, свиткајте ги краевите на внатре, замотајте во форма на кифла.
Така постапете со сите кори. Наредете ги во тава покриена со хартија за печење. Од смесата за премачкување ќе ви остане, премачкајте ги сите добиени кифли одозгора, посипете со ким, сусам, чија семе, лен... што ќе изберете вие или пак микс на семињата. Нека одстојат кифлите околу 10-15 мин. (тие ќе стасуваат за тоа време, па и повеќе време да стојат не е ништо грешно) потоа ставете ги да се печат во веќе загреана рерна на 200 степени.
На мене вака ми се многу повкусни, а и лесно за да си направиш кифлички кога се нема време.
Напомена
- Јас сронив сирење, имав вишеток на белка и ја измешав во сирењето. Не е грешно да ставите и 1 цело јајце, фил по желба, како што е компирушата, предходно подготвени ситно сецкан кромид, компир и мелено месо кои ќе ги пропржите, посна варијанта - варен згмечен компир кој ќе го измешате со пржен кромид и зачините со бибер, сол... може да ги филувате со праз, спанаќ... и т.н.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани