Кикирики путер мафини
Бидејќи кикириките и чоколадото добро се сложуваат, а ако се додадат и карамели се добива екстра интересен вкус кој го вклопив во мафини.
Деца задоволни, парчиња за најаска.
~ Подготовка ~
Путерот од кикирики се прави исто како во мојот рецепт
Јајцата се матат со кафеавиот шеќер и ванилиниот шеќер, се додава путерот од кикирики, млекото, брашното измешано со пецивото и на крај подизладениот растопен маргарин или путер.
Хартиените корпиња се премачкуваат со масло, се ставаат во калапот за мафини и се полнат 1/3 со смесата.
Во секој мафин се става по една млечна карамела, а врз неа 1/2 коцка чоколадо.
Се печи на 200 степени 15 - 20 минути. Се украсува со чоколадо, сечкани кикирики или по желба. Од оваа смеса излегоа 18 големи мафини. Пробајте!
Лиценца: Сите права се задржани
Pozdrav od mene od topliot Prilep :)