Кекс со гриз прелиен со чоколадо
1. Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата.
Додадете ги течните па потоа сувите состојки.
2. Оставете ја смесата 15 минути да одмори, а за тоа време пуштете ја рерната на 180С да се загрее.
3. Измешајте па истурете ја во тава 20х30 претходно намрсена и набрашнета.
Печете околу 30на минути.
4. Преливот треба да е ладен спрема рецептот, па затоа најдобро е да започните најпрво него да го спремите за да има време да излади. Иако според мене, би рекла дека можеби ќе е подобро тој да е топол, да не речам жежок, а кексот да е подоладен, што ќе е спротивно, но верувам подобро од првичниот предлог.
5. Се меша шеќерот со какаото и се додава млекото. Се вари со повремено мешање да се соедини и кога ќе зоврие се трга и се додава чоколадото. Се меша и тоа да се соедини.
6. Печениот кекс се сечи на посакуваните парчиња или се боцка со дрвено стапче и се прелива со чоколадната смеса.
7. Откако ќе се впие одозгора се наросува со кокос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови