Видео рецепт: Прелиен колач со јаболка
Денес ќе готвиме заедно со Лудо, готвач член на нашата веб-страница. Лудо ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Прелиен колач со јаболка.
Колач со јаболка и цимет, прелиен со пенаста смеса од гриз и јајца. Сето тоа врз вкусен пандишан. Верувајте, ќе го правите одново и одново!
Подготовка
Чекор 1: Ќе започнеме со подготовка на преливот. Најпрво сварете го гризот. Кога ќе почне да врие млекото, додадете го гризот и мешајте убаво додека да добиете густа смеса. Оставете го да се излади.
Чекор 2: Земете 4 јајца и одделете ги белките од жолчките. Белките изматете ги во цврст снег. Во жолчките додадете го шеќерот со ванила шеќерот и убаво матете додека не се растопи шеќерот. Потоа додадете го оладениот гриз, путерот на собна температура, изматете да се соединат состојките.
Додадете ги белките и убаво измешајте за да се соедини смесата.
Чекор 3: За подготовка на тестото ставете ги сите состојки во еден сад, прво сувите, па течните, и измесете мазно тесто. Потоа со раце распределете го по површината на тавата.
Чекор 4: Јаболката исечкајте ги на тенки резниња и наредете ги врз тестото со благо притискање. Наросете цимет по желба и прелијте ги со готовиот прелив.
Чекор 5: Печете го колачот 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Потоа оставете го малку да се излади, за да може попрецизно да го исечете и сервирате.
СОВЕТ: Доколку овој рецепт го приготвувате во поголема тава, во преливот можете да додадете само уште 1 или 2 јајца.
колачот е навистина феноменален!
сме го правеле дома еден тон пати. и да сум сакала да го утнам, не ми успевало :) :) :) :)