КВАС ОД НАУТ за Наутлија – Мајалија погача
Еден од назначајните христијански празници е Успение на Пресвета Богордица или познато и како Голема Богордица. Поради големиот култ што го има мајката Божја мегу верниците, овој празник се слави многу свечено и со големи народни собири.
Во местото каде живеам, а верувам дека не е само овде така, за овој празник се спрема Наутлија погача или позната и како Мајалија погача.
Наутлија токму поради тоа што се меси исклучиво со квасот кој се добива од толчениот наут кој ја дава прекрасната арома, има и неодолив единствен сладникав вкус, кој совршено оди со сирење, но и со нешто слатко. За Преображение оваа погача традиционално се јаде со сирење и со грозје, сирење и лубеница. Да, единствено така ја јадеме.
Оваа погача кога да само помислам на неа.. неизбежно е да ме врати во детството и да ме подсети на симитите кои одамна овде ги нема.. а колку беа убави. Велам дека ме подсека, многу ќе кажат дека фактички од овој квас се правеле и симитите, но не е така, ја правам разликта помегу симит и оваа погача.
Можеби има и од овој квас во симитот, но остана тајна и никој не ја издаде што е тоа што ги прави така меки и мирисни. Бев упорна да дознаам, но попусто ми беше. Никој не кажа.
Квасот започнува да се припрема ден пред самиот празник. Секоја домаќинка сака да ја има оваа погача, ако има среќа да го направи квасот кој навидум е многу лесен, а потребно е навистина голема среќа да се успее. На самиот празник се оди на црква, после одржаната литургија секој си подели од погачата и раздава за здравје, а која носи навистина убава Наутлија погача има зошто и да се гордее. Секоја домаќинка е горда на таа погача, а за неа е потребно мир, тишина и трпение, најголемо е вниманието кое и се посветува.
Иста ваква погача се меси и за Мала Богородица, но и покрај мојата упорност да дознаам зошто токму оваа погача на Богордичните празници, мора да има некое значение сето ова, никој до сега не ми даде прифатливо образложение - и до ден денешен не знам.
Но да се вратиме на квасот и неговата припрема. Обично се прави навечер за да го добиеме квасот утрото.
1. Се толчи наутот во аван (што е малку потешко) или во- народски кажано ДИБЕК. Можете да ризикувате и да се обидете едро да го сомелете .. наутот е доста тврд и малку потешко се и толчи и меле.
2. Столчениот наут се става во помало шише или тегла и се попарува со доста топла вода, но да не е врела за да не се попари. Не смее да биди ниту млака. Се меша, затвара и остава до утрото - но овде веќе треба да се внимава многу, мора да ја одржите температурата, не смее никако да се олади, констатно да биде топло за да се направи квасот кој ќе го препознаете по тоа што тој веке станал како пења.
3. Во околу 1/2 кгр. брашно го додаваме целиот квас заедно со зрната од наут, додавме и малку топла вода (кога се става квасот во брашното тој малку оладува) за да ја вратиме топлината на целото тесто и мешаме со лажица - се добива густо тесто како каша. Добро се завиткува садот за да не олади тестото. Го оставаме неколку часа.
4. Тестото кога стасало - ја повторуваме постапката додавајки во ова тесто брашно за да сега го измесиме тестото нјанормално како за леб или погача. Се додава околу 1 кгр. брашно, сол и пак топла вода колку што е потребно да се замеси тестото. Откако се измеси тестото, формирајте ја погачата како вие сакате, ставете во одбраната тавка или модла - морате пак да ја ставите тавката да биде на топло, оставете пак да стаса.
Откако стасала погачата ставете ја да се пече околу 45-50 мин. на 200 степени.
Тоа е целата постапка околу овој квас. Ви реков, навидум лесно, најтешкиот дел од сето ова е да се одржи топлината во целиот тој процес, друго нема.
Има верувања ( а веќе и ќе се сложам со тоа) дека кога се има намера да се спрема овој квас, не случајно се прави одвечер, треба да е тишина, домаќинката од никого не вознемирувана како би со мир можела да го одпочне по мене овој ритуал.
Овој рецепт го поставив иако сум сигурна дека многу го знаат, но сигурна сум и во тоа дека многу и не го знаат. Има млади домаќинки кои за прв пат ќе се сретнат со ова, а најповеќе го поставувам како би си го одржала и даденото ветување.
Драги мои пријателки, само се припремете и имајте трпение за овој квас, тој ке ве награди со резултатот што ќе го добиете.
За да ја одржам топлината на квасот некогаш теглата ја ставам во рерна која ја вклучувам на најнискиот степен и така цела нок нека стои таму, а сега за овој празник квасот го спремав во тегла, наполнив други тегли со многу топла вода, ги наредив околу теглата со квасот, добро завиткав и до утрото веке го имав квасот готов. Најверојатно има вистина и во тоа... треба да се има и среќа!!!
Мене ќе ме радува ако успеав добро да ви ја објаснам постапката за овој единствен квас...Поздрав!
Лиценца: Сите права се задржани
ама имало друга финта. БАШ ОВАА.
и одма побарав рецепт за квас од наут и пази што ми кажаа:
тој што правел најдобар симит во паланка се пензинирал и од инает не сакал да го каже рецептот. рекол ќе умре, ама не го кажувал :(
и така тажна седев и прашував - досаѓав на 100 луѓе да не случајно го знаат рецептот :) :) :) :)
туку, дај занаписмените како мене појасни.
наут, не ли е исто со леблебија?
мене така ми кажаа?
или наут се вика непечена леблебија?
Tolcenjeto e najteskiot del,na nautot,pa zatoa jas doznav,eve vaka ,nautot se stava vo voda ,od vecer da nababri,drugiot den se vadat luspite i se meli na masinka za melenje orevi,i taka smeleniot naut se priprema ponatamu,za da dibieme kvas od naut so potrebna temperatura,kako sto opisuvas ti vo receptot.pozz
традицијата со нив да умрела, тоа им е хајлајт во животот. ќе си поќутам, а не да ми се пцуе.....
а за интересирање, ептен ме интересираат традиционални работи. бабите ми
починаа пред да се свестам и да ги прашам што и како било, па сега копам по туѓи тефтери :)
си чувам некои стари скутини што прабабами рачно ги правела :)
Долго време барав некој да ми го каже и ептен се израдував кога го најдов вака детално објаснет!
Е сега за правањето... треба и малку среќа.
Мајата секој пат ми успева, ама малку ми спласнува тестото за време на месењето и киснењето.
Треба да се одржува и тестото топло, а и да е доста меко.
Благодарам !