Кајмаци - пуслици, целуфки
Најнапред пред да ја опишам подготовката на рецептот сакам да ве известам дека во овој рецепт се користи шприц за украсување на торти, но јас моментално го немав, па ги направив со кеса.
Деновиве бев во слаткара и јадев кајмаци и си реков како ли ги прават, но тоа било навистина лесно и едноставно, а секако и економично. Седнав на интернет го најдов рецептот и ги направив. Во длабок сад ги ставаме белките и солта. Матиме со миксер постепено со најака брзина, па го додаваме шеќерот. Матиме околу 25 мин се додека не се стопи шеќерот. Од добиената смеса со кеса (шприц за украсување торти) ги истискуваме кајмаците во тава обложена со хартија за печење. Кајмаците ги печеме на температура од 100 степени еден час. За овој рецепт треба миксерот да ви е навистина јак затоа што подолго време се мати со јака брзина. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови