
8
јул
2014
Кафе шејкерато коктел со вкус на лимон
Освежително коктелче за топлите денови.
Најпрво подгответе го ароматизираниот сируп од лимони.
Кората од лимон исецкајте ја на тенки ленти. Водата,шеќерот и кората од лимон ставете си во тава на оган и оставете ги да вријат околу 10 минути.
Сирупот најубаво е да си го приготвите ден претходно за добро да се излади.
Во шејкерот во најпрво додајте го мразот, потоа сирупот, а на крај топлото еспресо. Многу е битно да се запази следниот редослед ако сакате да се создаде убава пена.
Мешајте со шејкерот неколку секунди и префрлете го коктелот во чаша за мартини. Декоритајте со ленти кора од лимон.
Лиценца: Сите права се задржани