Кафе шејкерато коктел со вкус на лимон
Состојки
- За ароматизираниот сируп од лимони
- 70гр. кора од лимон
- 125мл. вода
- 250гр. шеќер
- За кафе шејкерот
- 80мл. ароматизиран сируп од лимони
- 8 коцки мраз
- 200мл. кафе еспресо
Подготовка
Освежително коктелче за топлите денови.
Најпрво подгответе го ароматизираниот сируп од лимони.
Кората од лимон исецкајте ја на тенки ленти. Водата,шеќерот и кората од лимон ставете си во тава на оган и оставете ги да вријат околу 10 минути.
Сирупот најубаво е да си го приготвите ден претходно за добро да се излади.
Во шејкерот во најпрво додајте го мразот, потоа сирупот, а на крај топлото еспресо. Многу е битно да се запази следниот редослед ако сакате да се создаде убава пена.
Мешајте со шејкерот неколку секунди и префрлете го коктелот во чаша за мартини. Декоритајте со ленти кора од лимон.