Кафе коцки
Во сад за матење ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме околу 10 минути. Потоа го додаваме брашното,пецивото какаото и топлата вода и промешуваме.Ставаме да се пече 20 минути на 200 степени.
Во тенџере на оган ставаме 700 мл.млеко, а во друг сад за матење го ставаме пудингот преостанатото млеко 300 мл,шеќерот брашното и 2 ванилин шеќер и матиме со миксер да се соедини. Кога млекото ќе зоврие сето тоа полека го истураме во тенџерето и мешаме да се добие густа смеса. Го тргаме од оган и оставаме да се олади. Кога ќе се олади му го додаваме маргаринот и со миксер ја соединуваме смесата. Испечениот пандишпан го сечеме на 2 еднакви дела.
Вариме кафе за бисквитите и кафето го ставаме во чинија. Едниот пандишпан го филуваме, бисквитите ги потопуваме во кафето и ги редиме врз филот. Пак ставаме малку фил и го ставаме и вториот пандишпан. Пак филуваме и редиме бисквити и врз бисквитите го ставаме останатиот фил. Чоколадото го растопуваме на пареа и со лажица истурата врз филот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
34=35 :D pozz
34=35 :D pozz