Касети
Шеќерот, водата и маргаринот вријат 2-3 мин. Кога смесата ќе олади, се додаваат мелените ореви и бисквити. Добро се измешува и се дели на 2 дела. Во едниот се става какаото и посебно секој фил (црн и бел) се дели на 2 дела.
Обландата ја сечеме по должина на 4 дела, кои идат некаде по 7 см.
Од понерамната страна 2 се премачкуваат со бел, а 2 со црн фил.
Редење... обланда со бел, над неа со црн фил, ролери (во 2 реда),па над нив обланда со црн фил свртена наопаку и на крај обландата со бел (исто така наопаку).
Со нешто тешко над неа се остава преку ноќ да се стегне убаво и се сечи на парчиња со дебелинаод 1 см. На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
кети обландата омекнува кога ќе одстои, дури другиот ден. филот е густ многу и веднаш не му дава мекнеење. а под мекнеење мислам нормално ускладено со самиот фил, да не крцкаат посебно обландите спрема филот во нив. ма прекрасни се ( сама си го фалам рецепто хаха) озбилно, освен изгледот што привлекува, многу се убави и за јадење-пробај, нема да зажалиш ;)
Snezana roleri se onie stapcinja sto obicno gi stavaat vo sladoledite,vnatre se so fil.Gi ima na moe kolace
лусо со тоа моливот за премотување ми даде идеја за предлог за пооргинални.... ти текнува едно време имаше презни, нефиловани ролери... е, тогаш моливот :))))