Испечати

Касети

Касети

Состојки

  • 15 лажици шеќер
  • 15 лажици вода
  • 125 гр маргарин
  • 150 гр мелени ореви
  • 250 гр мелени бисквити
  • 2 лажици какао
  • 1 лист од обланда
  • 1 пак. стапчиња-ролери

Подготовка

Шеќерот, водата и маргаринот вријат 2-3 мин. Кога смесата ќе олади, се додаваат мелените ореви и бисквити. Добро се измешува и се дели на 2 дела. Во едниот се става какаото и посебно секој фил (црн и бел) се дели на 2 дела.
Обландата ја сечеме по должина на 4 дела, кои идат некаде по 7 см.
Од понерамната страна 2 се премачкуваат со бел, а 2 со црн фил.
Редење... обланда со бел, над неа со црн фил, ролери (во 2 реда),па над нив обланда со црн фил свртена наопаку и на крај обландата со бел (исто така наопаку).
Со нешто тешко над неа се остава преку ноќ да се стегне убаво и се сечи на парчиња со дебелинаод 1 см. На здравје!