Касато торта, рецепт стар од мојата баба. Оваа торта ја правев за свадбата на братучед ми во дупла доза. Бидејќи лесно се обликува со рака, можев да играм со формата се одлучив за оваа торта која е брза и лесна за изработка, вкусна е и што е најважно е домашна. Кој знае да ги цени домашните торти ме разбира за што зборувам. Подготовката е многу лесна...
Бисквитите се дробат во длабок сад и се попрскуваат со млекото и румот. Меѓувреме се сецкаат оревите, се сецкаат желе бонбоите на мали коцки, сувото грозје се мие и се потопува во топла вода да набабри, а потоа се се цеди, се суши и се сецка. Чоколадото се ренда на крупната страна од рендето и се соединува со останатите состојки. Доколку бисквитите не се доволно омекнати може да се попрскаат со уште малку млеко, но треба да се внимава да не се претерува. Јас за оваа торта употребив путер меѓутоа може и со маргарин, кој како си почитува.

Во посебен сад се двојат белките од жолчките. Жолчките се матат во посебен сад со путерот и шеќерот во прав. Оваа смеса кога ќе се соедини се додава во бисквитите како и сецканите ореви, желето, сувото грозје, чоколадото и сето заедо се меша. Се остава 10-15 мин во фрижидер да се здрви, а потоа на подлога се формира тортата. Врз тортата се става шлаг од 3 белки и 12 големи лажици шеќер кој се матат во тенџере на пареа додека да се добие цврст снег.
Декорацијата може да биде по желба јас во тортата на сликата декорирав со ганаш крем и чоколадни стапчиња бидејќи ми беше полесна и попрактична за транспорт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови