Касато торта
1. Сувото грозје исчистете го и потопете го во рум да одстои неколку часа или оставете го преку ноќ.
2. Урмите, смоквите, желе бонбоните и оревите насецкајте и мешајте ги во длабок сад. Јас оревите околу 1/4 од количината ги мелам и ги додавам во смесата. Додајте го исцеденото суво грозје и помешајте ја смесата на суво.
3. Бисквитите искршете ги на покрупни парчиња, ставете ги до друг длабок сад, па прелијте ги со топлото млеко и румот, измешајте и оставете ги.
4. Путерот и шеќерот во прав /по ваша желба може да се додаде и ванилфин шеќер или неколку капки екстракт од ванила/, изматете ги во фина мазна крема.
5. Стопете го чоколадото, па додајте го во изматениот путер и измешајте убаво да се сврзе.
6. Сувото овошје и желе бонбоните измешајте ги со бисквитите, додајте ја чоколадата со путерот и убаво помешајте да се добие изедначена смеса.
7. Калапот /јас обични ја ставам во долгнавесто калапче за солен кекс/ наквасете го и прекријте го со прозирна фолија/ ПВЦ/. Смесата за касато торта ставете ја во калапот и убаво испритискајте ја за да се пополни калапот, а во тортата да не останат шуплини. И дното прекријте го со фолија. Калапот ставете го во фрижидер преку ноќ или неколку, околу 4-5 часа во замрзнувач.
8. После тоа, кога тортата е добро изладена и стврдната извадете ја фолијата и превртете ја на чинијата на која што ке ја служите. Отстранетеја фолијата и од по страните.
9. Оваа торта може да ја служите и ништо преку неа, но јас најчесто ја преливам со чоколадо/ бело / и ја посипивам со потпечени и толчени ореви.
Па изборот за преливање и декорација е по ваш избор...
Лиценца: Сите права се задржани
Dodatokot na urmi i swmokvi e po moja zelba nadvor od receptot sto go imav od majka mi .Eksperimentirav i ispadna prekrasno ,probaj ,navistina e preubava...A za ona so jajce ,obicno jajce bez termicka obrabotna izbegnuvam vo bilo koj kolac,nekako sum skeptik,podobro da go izostavam ....pozzz
Sonjapoposka od BITOLA ili sum greska???????? odlicen recept pozz JORDANKA
Da od Bitola ,nesi greska Jordanke..
Golem pozdrav i od mene....
Mislam deka nesmee da se izostavi ,bogata i brza torta ...pozzz
A ova za lickanjeto isto kako sekoja zena -so ponalickana toa poubava,samo sepak treba da ima i malku ubavina i "od majka" kako sto velat starite...
pozdrav Lilance
фала што го објави и ме поштеди мене (мрзливата) од пишување рецепт :) :) :) :)
јас често си правам бомбички од оваа смеса, со задоволство ги изоставувам сувото грозје и желето дека не ми се вусни :)
Ova so bombicite e super idea, no kajmene nema da pomine ,kolacinjata ne gi priznavaat moite doma za blakce ,si sakaat pogolemi parcinja...
pozdrav....
оваа беше омилената торта, најмногу заради декорацијата која во тоа време беше, да не речам, жив луксуз. едвај трошки за попрскување се наоѓаа да се купат, ен па нешто повеќе :)
Imam edna slucka so kasato tortata i klovnot za prviot rodenden na kerkata /pred nekade 20ni nekoja godina/. tortata bese klovn ,samo do polovina .Teloto bese od bomba tiorta ,a glavata od kasato torta ,maka macev dodeka ja ispraviv glavata ,sum ja potpirala so se ,no tezinata sekogas ja navaluvase i toa nazad.I sto napraviv i manestiv dve igli za pletenje /onie za polover-metalni/ pa nekako se stabilizira do vremeto koga bese da se duvne svekata i da se slika,
Neznam da stavam slika vo koentar ,seudte sum neuka za taa rabota... pozzz