
25
окт
2022
Карфиол и брокула со јајца
Подготовка:
1. Зеленчукот искинат на помали парчиња сварете го во солена вода да омекни. Потоа извадете го со решетка лажица на страна.
2. Во тавче ставете парче путер и ситно исечканиот власец или кромид заедно со лукот многу ситно исечкан или поминат на преса. Додадете го зеленчукот искинат на поситни цветчиња и се запржете. На крај додадете ги јајцата претходно изматени со сол и бибер. Можи да го користите како самостоен оброк или како прилог со јадење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови