Испечати

Карфиол и брокула со јајца

Карфиол и брокула со јајца

Состојки

  • околу 0,5 кг карфиол и брокула (мешано или едно од нив)
  • 4-5 парчиња парчиња свеж власец или 1-2 млад кромид во замена
  • 1-2 чешниња лук
  • 3-4 јајца
  • путер, сол и црн бибер

Подготовка

Подготовка:

1. Зеленчукот искинат на помали парчиња сварете го во солена вода да омекни. Потоа извадете го со решетка лажица на страна.

2. Во тавче ставете парче путер и ситно исечканиот власец или кромид заедно со лукот многу ситно исечкан или поминат на преса. Додадете го зеленчукот искинат на поситни цветчиња и се запржете. На крај додадете ги јајцата претходно изматени со сол и бибер. Можи да го користите како самостоен оброк или како прилог со јадење.