Карапанџи
Зошто се викаат Карапанџи не е лесно да се објасни. Пред многу години ми раскажаа за некои дебели палачинки кои ги правел познатиот Стево Карапанџа, но не оригиналниот рецепт, туку како некој си ги спрема по дома. Јас тие „карапанџи“ не сум ги пробала никогаш, но почнав да си спремам нешто слично. Рецептот низ годините трпеше многу измени и сега само го носат името на оригиналниот готвач.
Подготовка
Јајцата се матат со вилушка, се зачинуваат со сол и бибер и се додава брашното на неколку пати. Постојано се мати со вилушката и се додава по малку вода во меѓувреме. Треба да се добие смеса погуста од класичните палачинки. Смесата се остава во фрижидер да одмори најмалку 15 минути. Потоа се меша и се проверува густината. Брашното набабрува, па ако треба разредете малку. Јас ставам и сецкан магдонос или оригано зошто освен што имаат различен вкус, се и подекоративни. На сликите ќе видите и карапанџа со црвен пипер.
Во тавче за палачинки со малку масло се става 1/3 од смесата. Кога ќе се испржи едната страна се превртува и на брзина се става се` што сте решиле да има внатре. Прво се ренда кашкавалот за да се стопи, а потоа се реди се` останато. Се витка веднаш како ролат, се вади на чинија и се ужива.
Пријатен апетит!
Основната мерка што мене најмногу ми одговара е 1 јајце и 3 лажици брашно за една карапанџа, а брашното најчесто го мешам. Сепак, може да екпериментирате и да ја најдете вашата идеална мерка. Се спремаат многу брзо и една е доволна за најадување (најчесто). Полнењето е секако по вкус и моментална инспирација или тоа што има во фрижидер.
Лиценца: Сите права се задржани
Gi napraviv :)) Gi spremiv za vecera, vnatre staviv kaskaval i super si se najadovme, so kiselo mleko e odlicna kombinacija :) Brzi se za podgotovka i sigurno ke ima reprizi :)) Fala ti za receptot!