Подготовка:

1. Крем - Во едно тенџере се ставаат 12 лажици шеќер и се топи на тивко да се карамелизира. Се додаваат пополека 700мл млеко и се вари, додека не се растопи карамелизираниот шеќер.
Настрана се меша 100мл млеко со 2 пудинга од ванила и се додава во млекото со карамелот и се вари пудингот. Се остава настрана да се олади, покривајќи го со проѕирна фолија, да не фати филот кора. Кога ќе олади се спојува со изматениот маргарин и шеќерот во хомоген фил. На крајот се додаваат оревите.

2. Тесто - Се зема длабок сад и се матат јајцата заедно со шеќерот. Се додаваат 12 лажици врела вода, брашно, пециво и се мешаат со шпатула полека и се додаваат мелените ореви. Се става на хартија во големиот плех од шпоретот. Се печи во загреана рерна на 180С-30мин. Тестото се прелива со млеко или рум .

3. Испеченото и оладено тесто се сечи на 2 дела по ширина. Се филува со кремот. Се остава да се стегни тортата и се сечат најпрво коцки, па потоа секоја коцка како триаголник. Одозгора се макнуваат со чоколадна глазура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани