Карамел розен штангли
ПодготовкаЧ
1. Во суво тенџере ставете шеќер на умерена сила на ринглата, да се стопи во карамел. Потоа додадете ја водата загреана. Мешајте на ниска температура додека се стопи карамелизираниот шеќер, па потоа додадете ги маргаринот и чоколадото издробени на поситно да се соединат и тие.
2. Тргнете го од рингла тенџерето и додадете ги мелените ореви и бисквитите.
Оставете го да се излади пред да филовате. Со текот на ладење, филот станува поцврст, но во зависност од сувоста на бисквитите и испарувањето на водата, додека се загрева, ќе оцените ако треба малку да додадете или скратите на суви состојки.
3. Со филот, со отприлика 4 полни лажици, се премачкуваат розен корите сите, освен последната.
4. На филуваните кори, одозгора ставете блага тежина на целата површина додека комплетно не изладат, а потоа прелијте одозгора со филот.
5. За тоа време, на пареа, стопете го чоколадото и потоа додадете го маргаринот, па карамел фарситурата.
6. Кога и преливот ќе се здрви, исечете на штангли, отприлика 2 на 1 см.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
пола ги искористивме за излетот, а пола беа подарени. на сите им се допаднаа