![Карамел коцки со бисквити и бадеми](https://moirecepti.mk/content/uploads/2017/01/karamel-kocki-1370983-11ff89-800x600.jpg)
20
јан
2017
Карамел коцки со бисквити и бадеми
Подготовка
Шеќерот заедно со јајцата ги промешуваме и ги ставаме на средна температура на рингла. Овде ги ставаме и карамелите да се стопат со постојано мешање. Откако ќе се изедначи смесата го ставаме путерот да се стопи. По тоа ги додаваме мелените бисквити и бадемите. Смесата ја формираме по желба. Може цела да ја истурите и измазните на најлонска фолија, па да сечете парчиња по желба откако ќе се стегне. А можете исто така да формирате бомбици или форми по желба, ама малку да се подизлади.