Капри колач
Вкусна, лесна тортичка-колач
Прво се матат белките со шеќерот, па се додаваат оревите, презлата, брашното.
Убаво се промешува и се истура смесата во подмачкано средно по големина плехче.
Се печи на 200 степени.
Во мала касерола на тивко се ставаат да се варат жолчките, шеќерот, густинот и млекото до згуснување.
Се трга од оган па се додава путерот.
Овој жолт крем се нанесува врз испеченото тесто и убаво се израмнува.
Сега се спрема црниот крем.
Се цедат вишните од течноста и во таа течност( околу 300 мл) се додаваат пудингот и шеќерот и се вари до згуснување.
Му се додаваат уште 70 гр путер.
Сега врз жолтиот крем се ставаат исцедените вишни, па се нанесува црниот крем.
Цел колач се премачкува со изматена шлаг пена.
Толку е кремаст и лесен, што не успеавме доволно да го изладиме, па да го сечиме, бидејќи одма се изеде.
Лиценца: Сите права се задржани