Капкејкс со шампањ и фондан
Празниците кои се наша традиција, секогаш ги одбележуваме со нешто специфично.
Оваа година направив толку многу рецепти и декорации, но никако да се најде време да се прикаже.
Еве еден мал дел од моите капкејкс со шампањ.
На почеток путерот стопете го и оставете да не е жежок.
Помешајте ги јајцата со шеќерот, полека додавајте ги брашното, пецивото и ванилата.
Додајте го свежото сирење, шампањот и растопениот путер.
Смесата изедначена, подготвена е да се полнат корпите.
Рерната загреана, смесата префрлена во корпите и печеме.
Откако се печени, оставаме да одморат.
Ако во печењето добиле вишок во средината, пресечете го и израмнете.
Постелете ги со фондан и украсувајте ги по ваша желба.
Моите годинава беа со новогодишна декорација.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Одлични ти се колачите, нешто што ми се чини дека ете јас нема да можам да го направам ми се ваквите декорации, секоја чест на трпението и добиениот резултат.