Испечати

Капкејкс со шампањ и фондан

Капкејкс со шампањ и фондан

Состојки

  • 200 мл шампањ
  • 100 гр путер (стопен )
  • 3 јајца
  • 1 паковка ванила
  • 200 гр шеќер
  • 400гр брашно
  • 2 мали лажички пециво
  • 80гр свежо сирење (фришкезе )

Подготовка

Празниците кои се наша традиција, секогаш ги одбележуваме со нешто специфично.
Оваа година направив толку многу рецепти и декорации, но никако да се најде време да се прикаже.
Еве еден мал дел од моите капкејкс со шампањ.
На почеток путерот стопете го и оставете да не е жежок.
Помешајте ги јајцата со шеќерот, полека додавајте ги брашното, пецивото и ванилата.
Додајте го свежото сирење, шампањот и растопениот путер.
Смесата изедначена, подготвена е да се полнат корпите.
Рерната загреана, смесата префрлена во корпите и печеме.
Откако се печени, оставаме да одморат.
Ако во печењето добиле вишок во средината, пресечете го и израмнете.
Постелете ги со фондан и украсувајте ги по ваша желба.
Моите годинава беа со новогодишна декорација.
На здравје