Многу меки, сочни и здрави мафини. Кај мене спремени со праски, но може да ги подготвите со било кое овошје по ваш избор.

Во еден сад измешајте ги сите „суви“ состојки - интегралното брашно, овесните снегулки, прашокот за пециво и содата.
Во друг сад со миксер изматете ги јајцата, медот, шеќерот и солта, па додадете го млекото и маслото. Потоа додадете ги „сувите состојки“ и убаво измешајте со миксер.
На крај додадете го исечканото овошје и промешајте со лажица.
Во калапот за мафини ставете хартиени корпички и распоредете ја смесата.
Измешајте ги останатите овесни снегулки со шеќерот и посипете по малку врз секој мафин.
Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 25-30 минути (проверете со чепкалка).

Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани